Оваа Политика за приватност е изготвена на основа и во смисла на Законот за заштита на личните податоци (особено членовите 9,16, 17, 18 и 19) во врска со Препораката бр.Р(99)5 на Комитетот на министри на земјите членки за заштита наа приватноста на интернет. Со Политиката на приватност е уреден начинот на кој ИЛИВИНГ СОЛУТИОНС/Контролор ги собира, обработува и користи податоците собрани од Вас при Вашата посета на интернет страницатаwww.iliving.mk (понатаму во текстот: ”интернет страница”) или/и при користење на услугата за електронска трговија/е-продажба/веб продажба.

Ве известуваме, дека со самиот чин на пристапување на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, целосно и несомнено сте ги разбрале и сте согласни со сите услови на Политиката за заштита на лични податоци.

1. Лични податоци кои ги собираме
Предмет на собирање се единствено Ваши лични податоци оставени доброволно од Ваша страна. При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат личните податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страница (креирањена Ваш профил) и користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Преземањето на било кое дејствие заради претходно наведеното, автоматски подразбира дека имате дадено Ваша согласност за обрабатка на личните податоци за целите заради кои ги доставувате.

За точноста и вистинитоста на податоците кои ги давате одговарате Вие.

При Ваша Регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, ИЛИВИНГ СОЛУТИОНС  ги обработува следниве Ваши лични податоци:

  • име и презиме
  • телефонски број
  • адреса на е-пошта
  • поштенска адреса

При користење на услугата On-line купување, ИЛИВИНГ СОЛУТИОНС  ги обработува следниве Ваши лични податоци, и тоа:

  • име и презиме
  • поштенска адреса (улица, број, поштенски број на населено место, град/населено место)
  • телефонски број
  • адреса на е-пошта

 

Важна забелешка: плаќањето со платежни картички се одвива преку услугата на Комерцијална Банка  АД Скопје и Картичен Систем АД Скопје – cPay, систем за безбедно и сигурно плаќање со картичка преку интернет.

 

Внесените лични податоци од формата на нашата веб-страна, се криптираат и преку сигурносна комуникација преку позадински сервис се трансферираат до базата на податоци каде се чуваат, а лозинките се дополнително криптирани со светски познати и сигурносни алгоритми.

 

Iliving.mk користи алатка наречена „Колачиња“ со која врши собирање на податоци: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет странатат.е. оперативниот систем, давателот на интернет-услугата, IP адреси (адреса на интернет протокол доделена од давателотна интернет-услугата, која е различна за секој корисник).

Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша изречна согланост и прифаќање на алатката за „Колачиња“.

 

Повеќе и посебно појаснување на Политиката за користење на „Колачиња“ видете овде

 

2. Како ги собираме личните податоци
При регистрација на интернет страницата и користење на услугата on-line купување Вашите податоци се собираат директно од Вас, така што Вие самите директно ги доставувате податоците или автоматски преку алатката„Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња тука ).

 

3. Цели заради кои се собираат и обработуваат личните податоци?
Личните податоци се собираат и обработуваат исклучиво за целите заради кои податоците се  дадени:

  • за контакт по пат на електронска пошта;
  • овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
  • администрирање на содржината и други функционалности на страната, заради подобрување на  квалитетот на услугите што ги нудиме;
  • за реализација на on-line нарачките на интернет страницата www.iliving.mk
  • за навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли.

4. Начин на обработка на личните податоци
Личните податоци не се обработуваат и нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци. Обработката на личните податоци се врши согласно позитивните правни прописи за заштита на лични податоци, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци.
Се применуваат сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на лични податоци, но и на податоци што не се лични, а се складирани на наша страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

 

5. Чување на личните податоци

Се преземааат сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на личните податоци, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или злоупотреба. Пристапот до личните податоци е ограничен на вработени кои имаат потреба да дојдат во контакт со податоци заради остварување на целта за која се дадени.

Личните податоци се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат целите заради кои се дадени. Личните податоци не се чуваат во форма преку која може да се изврши идентификција со траење подолго од потребното за целта заради која се податоците собрани или обработувани.  Одредени лични податоци се чуваат во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на Контролорот и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани.

 

6. Ваши права во врска со Вашите лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци се  обработуваат имате право:

  • да се информирате за начинот на обработката на личните податоци и дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
  • да побарате да се дополнат, изменат и/или ажурираат податоци доколку личните податоци се нецелосни, погрешни, или не се ажурирани. Ова се прави со поднесување на барање, по кое се постапува во рок од 15 дена и се изврши исправка на личните податоци;
  • да побарате да се ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат;
  • да побарате да се избришат Вашите лични податоци, при што обврската да се спроведе бришењето е 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
  • да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци;

За остварување на овие права, контактирајте на:
Е-маил адреса: info@iliving.mk
Контакт телефон: 075/214-469

или контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци:
Име и презиме: Николина Кузмановска
Телефон:070/234-066
Е-пошта: [email protected]

 

7. Пренос на лични податоци во други држави

Ние не вршиме пренос на лични податоци во трети држави.

8. Користење на лични податоци дадени на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи, со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштитана лични податоци.

9. Промена на политиката на приватност од Контролорот
Политиката за приватност може да биде изменета во кое било време со симултано објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страница, со наведување на  датумот на измената. Измените на Политикатаза приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Повремено прегледувајте ја Политиката за приватностзаради нејзини можни измени. Со продолжување на пристапот и со самото користењето на интернет страната, Вие се согласувате со измените и ги прифаќате нејзините одредби.

10. Датум на објава на Политика на приватност

28.05.2021 година